Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 25.04.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 25.04.2017 година
– Во Охрид преовладува сончево и потопло време
– Измените и дополнувањата на Генералниот урбанистички план за град Охрид повторно се најдоа на јавна стручна расправа
– Студенчишкото блато останува строго заштитена зона
– Ресурсен центар потврди дека до четврток во Охрид ќе се собираат пописи за поддршка на лицата со посебни потреби
– Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ постигнаа високи резултати „Образовно рандеву 2017“
– Емилија Петровска во интервју за Супер радио: Ми се оствари желбата да бидам од другата страна на екраните
– Повик до охридските земјоделци за пријавување на штети на насадите поради ниските температури
– Успехот на „Дениција“ во Брисел, му донесе на Народен театар Охрид соработка со тамошниот театар
– СВР Охрид поднесе пријава против две лица за користење дрога
– Кривична пријава за жител на охридско Лескоец кој пуштил во оптек фалсификувана банкнота
– Во хотел „Десарет“ Охрид започнува настанот „Агрономијада“, наменет за студенти кои студираат на шумарските факултети од државите од Балканот