мај 5, 2017

Охрид, 5. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.


IMG_1416
Охрид во 10 на 05.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 05.05.2017 година

– Метеоролозите со вонредна временска прогноза: Од утре повторно нестабилно време

– Денес во Битола повторно судење на србинот Угреновиќ, кој до смрт го претепа младиот охриѓанец Димитар Матилоски

– Синиша Пекевски, национален  координатор на проектот „Јакнење на граѓанскиот активизам преку медиумска писменост“, ги најави работилниците во Охрид

– Два нови Детални урбанистички планови од денес на увид пред физичките и правни лица, закажана  Јавна анкета и презентација следната недела во општина Охрид

– Свечен прием во СВР Охрид по повод Денот на македонската полиција

– Со ближењето на сезоната, се зголемуваат цените во угостителството

Италијански туристи деновиве престојуваат во Охрид преку  проектот LAKtive Tourism

– Реизбран општинскиот одбор на Сојузот на борци

– Црвен крст Охрид утре ќе го организира 46-от Општински натпревар по прва помош

– Во понеделник ќе се одржи второто издание на „Фолклорна бајка“

– Вечерва ќе се одржи главната фестивалска изведба на „Распеано рибарче“

– Султански дочек и овации за охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос” на фестивал во Маниса, Турција

– Во тек е акцијата во „Тамаро ЛИМИТ“ – Добар леб за добар ден

– Фото вест: Сезоната полека започнува

– Одложено судењето за убиството на Димитар Матилоски

– Музичка работилница за гитара со Дамјан Пејчиноски на Krusevo Workshop

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука