Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 13. мај 2017

Охрид, 13. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1614

Охрид во 10 на 13.05.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 13. 05.2017 година

– Се одржа Прво Годишно собрание на Сојузот на акцијаши и волонтери, претседателот на „Брег на младоста“, Зоран Стевоски препорачува: Сите генерации треба постојано да учат што е тоа солидарност

– Студенти од ФТУ постигнаа значајни успеси на  Туризмијадата во Будва

– Се е подготвено за утрешната Вело – тура околу Охридското Езеро

– Основното училиште  „Св. Климент Охридски“ одржа настан под мото „Приказна за моето училиште“

Шаховска олимпијада за слепи ќе се одржи во Охрид

– Вечерва ќе се прикажува нова епизода од „Импровокација“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука