Избор Охрид Охрид во 10

„Охрид во 10“ – 14. август 2017

Охрид, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_3470

Охрид во 10 на 14. август 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 14.08.2017 година

– По еден ден „есен“, летото се враќа во Охрид, температурите во пораст, денес до 27. степени

– Разрешени претседателот и член на УО на фестивалот „Охридско лето“

– Супер радио спроведува анкета за популарноста на потенцијалните кандидати во пресрет на локалните избори

– Почнуваат Богородичните пости

– Стартуваат уписите на факултетите

Богослужба и литургија по повод празникот Свети Стефан

– Славко Упевче е нов претседател на Завод и Музеј од Охрид

– Помалку се гради, во јуни во Охрид биле издадени само две одобренија за градба

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука