Охрид, 28. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 28. август 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 28.08.2017 година
– Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица
– Во Охрид денес сончево и топло со температура до 33. степени
– Министерство за здравство: Кај починатото двегодишно девојче во Охрид била дијагностицирана вироза
– Девет години од авионската нереќа кај Скребатно
– Традицијата продолжува: Успение на Пресвета Богородица во Скребатно
– Заветот на овчарот, легендата за ордијата во Скребатно
– Во вториот квартал од годинава во Охрид регистриран позитивен природен прираст
– Одбележување на празникот Успение на Пресвета Богородица во Охрид (Фото)
– Неколку илјади посетители го прославија празникот Успение на Пресвета Богородица во Скребатно (Фото)