Охрид, 2. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 2. септември 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 02.09.2017 година
– Денес во Охрид 32. степени, од утре наоблачување и дожд
– Бесплатни обуки за родители на деца со аутизам
– Се разгледува можноста „Полиш ерлајнс“ да лета од Охрид
– Д-р Јован Стојаноски кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ
– Денес „Охридска софра“ во Скребатно
– Црвен крст ќе ја одбележи Неделата на промоција на хумани вредности
– Барање за извод од матична книга на родени може да се поднесе и по електронски пат
– СДСМ: Бакрачески сака по неговото заминување да остави тотален хаос
– Кантароска, Џуклески и Бимбиловска Коваческа подготвија највкусно ѓомлезе на „Охридска софра“