Охрид, 10. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 10.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 10.05.2017 година
– Мандатот на градоначалниците истекува на 15 мај – Уставниот суд нема да поведе постапка по иницијативите
– Во Охрид ќе се прогласат најхуманите медицински сестри за 2016 година
– Најкраткиот брак во Охрид траел само 6 месеци, лани биле склучени два малолетнички бракови
– Ќе се одржи јавна аукција за продажба на подвижен имот на стечајниот должник „ЕМО“ АД Охрид
– Автопатот Кичево-Охрид ќе добие „само“ една патарина
– Најмладите се запознаа со значењето на организацијата на Црвениот крст
– Информативна работилница за користење средства од ИПАРД Програмата
– Охридскиот поет Зоран Јакимоски – Добитник на наградата „Јован Котески“ за 2017 година
– Претставата „Аналфабет“ на Народен театар Охрид во трка за награда на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“
– Претстава на аматерски театар од Охрид во селекцијата за Драмскиот аматерски фестивал во Кочани