Охрид, 12. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 12.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 12. 05.2017 година
– Проф. Д-р Ристов: Охридската школа на правото поставена на старите корени на Свети Климентовиот универзитет
– Во Охрид започнаат обуките за граѓански активизам
– Државната изборна комисија ги повикува граѓаните да направат увид на податоците во Избирачкиот список
– Статистиката во март бележи намалување на бројот на туристи, се очекува зголемување на посетите во текот на сезоната
– Успешни финанскиски резултати во 2016 на Охридска банка Сосиете Женерал
– Најмладите ќе го одбележат Денот на мајката
– Од Уставниот суд се очекува да се деблокира исплатата на субвенциите за земјоделците
– Бистро „Corner“ одбележува една година постоење, менаџерот Тодор Сидоров во интервју за Супер радио вели дека локалот е место до кое вреди да се дојде и да се ужива
– Охрид има потенцијал да стане филмски град