Охрид, 8. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 08.05.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress
инфо: 08.05.2017 година
– Месец мај резервиран за матурантите – младите се подготвуваат за прославата, парадата и други пропратни активности
– „Охрид ЅОЅ“ учествуваше на овогодинешниот Европски конгрес за блатни екосистеми, а градот Охрид беше избран за домаќин на Конгресот за следната 2018 година
– Бројни активности во Охрид по повод Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
– Најавена седмата Меѓународна летна школа „Направи разлика – стани млад лидер“ која ќе се одржи летово во Охрид
– Танцовата група The Passengers во интервју за Супер радио: Ни треба поддршка да се натпреваруваме рамо до рамо со најдобрите танчери од Европа
– Отворена е изложбата „Победата над фашизмот“ во организација на Почесниот конзулат на Руската федерација во Охрид
– Учесници од 10 земји годинава ќе се натпреваруваат на кампот „Кирил Лазаров 7″ во Охрид
– Вечерва се одржува второто издание на детскиот фестивал „Фолклорна бајка“
– Бројни награди за учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на државните натпревари
– АПЕЛ: Охриѓани собираат средства за достојно да го испратат Дејан Т. до вечниот дом