јуни 7, 2017

Охрид, 7. јуни 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_1940
Охрид во 10 на 07.06.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress

инфо: 07. 06.2017 година

– Охрид домаќин на Државното поединечно атлетско првенство за сениори/ки

– Експресно исчистена „планината“ од градежен шут, стари душеци и зеленило кај охридската пожарна

– УНЕСКО: Стопирајте ги проектите за ски-центар и пат во Галичица!

– Пораст на бројот на новороденчиња во Охрид

– Проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“ ќе се промовира во Охрид

– Проектот „Мултикултурна повеќејазична дигитална библиотека“ ќе се промовира во Охрид

– Наскоро турнир во Brazilian Jiu Jitsu – Ohrid OPEN 2017

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука