септември 28, 2017

Охрид, 28. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_4972

Охрид во 10 на 28. септември 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 28.09.2017 година

– Во Охрид денес претежно облачно и свежо со повремен локален дожд и температура до 15. степени

Отворена Канцеларијата за граѓани на кандидатот за градоначалник Д-р Митко Тилевски

– СДСМ: ДПМНЕ ги копира нашите проекти и ги прикажува како свои

– Виктор Орбан денес во Охрид на средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

– Студенти од 14 земји ќе учат за филм во Охрид

– ВМРО-ДПМНЕ: СДС поради неспособноста и недомаќинското работење го доведе Охрид пред банкрот

– ОУ „Св. Климент Охридски“ доби донација во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“

Литургија по повод празникот „Св. маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија“

Силјаноски: Охрид го правиме место со перспектива, место каде младите ќе ја градат иднината

– Охридското езеро ќе се порибува со пастрмка

Георгиевски: Приоритетен за охриѓани ќе биде проектот за изградба на социјални станови

– Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан

– Езерскиот комплекс „Метропол” со највисоко признание во категоријата квалитетна туристичка понуда за 2017 година

– Се порибува Охридското Езеро, од Хидробиолошки оптимисти дека пастрмката ќе се врати во езерото

– Во Лагадин ќе се одбележи празникот „Свети маченички Вера, Љуба, Нада и Софија

– Прва поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука