Охрид, 18. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 18. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 18.10.2017 година
– Метео: Сончево и топло време со температура до 23. степени
– Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна во Охрид
– Кривична за охриѓанка која го малтретирала и заклучувала синот во семејната куќа
– Три награди за охридските претставници на Меѓународниот филмски школски фестивал во Лесковац
– Официјални резултати: Референдумот во Дебрца е успешен, депонија нема да се гради
– ВМРО-ДПМНЕ: Со стопирањето на изградбата на катната гаража ќе продолжи сообраќајниот хаос во Охрид
– Охридскиот Црвен крст со две работилници ќе го одбележи Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе
– Договорот меѓу „Делфина турс“ и „Веропулос“ ќе биде потпишан во понеделник во Скопје
– Професори и ученици од Апелдорн во посета на Охрид и гимназијата
– Вкупно 43 казнени дела семејното насилство регистрирани во Охрид од почетокот на годинава
– Во сабота и недела во Охрид акција за вдомување на малечки кученца