Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 24.03.2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)
инфо: 24.03.2017 година
– Судската служба најави серија нови радикални мерки доколку не добијат зголемување на платите
– Евгенија Анѓелкоска ја продолжува иницијативата на нејзиното семејство да се постави плочата во чест на дрвото кочеџик онаква каква што била во 1986 година
– Преку креативна работилница, учениците од ОУ „Христо Узунов“ го одбележаа симболично „Часот на Планетата Земја“
– Децата правобранители од СОСУ „Свети Кирил и Методиј” презентираа проект од Конвенцијата за правата на детето
– КУД „Ѓердан“ учествуваше на Фестивал за историски градови на вода во Турција
– Охридскиот народен театар најави нова премиера на претставата “Аналфабет”
– Кривична пријава за охриѓанец кој со пораки ѝ се заканувал на сопругата