октомври 4, 2017

Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_5875

Охрид во 10 на 4. октомври 2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.

инфо: 04.10.2017 година

– Во Охрид денес сончево врме со умерена облачност и температура до 21. степени

– Ќе се промовира првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести

Трет меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

– Кинезите бараат уште 143 милиони евра за непредвидени работи на автопатот Кичево-Охрид

Промоција на книга со илустрации на стрип цртачот Игор Јовчевски

Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија во Охрид

– Креативно шоу за крај на циклусот на „Промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција

Без вода жителите од улиците „Кленоец“ и „Српница“

– Едно лице повредено во тепачка во Охрид

– Промовирана првата поштенска марка во светот „Деца со ретки болести

Кампањата на 50%, желбите и очекувањата на 100%

– Поради блокираната сметка, ДИК финансиски ќе му помогне на Охрид да ги организира локалните избори

Сугарески: Преговараме за нов рок и за дополнителни трошоци за автопатот Кичево-Охрид

Четири децении Атлетски клуб „Охрид“, со истрајност и ентузијазам кон нови достигнувања

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука