март 24, 2017

Охрид, 24. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го започна проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.

– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.

IMG_9761
Охрид во 10 на 24.03.2017 година

Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress. (Крај)

инфо: 24.03.2017 година

– Судската служба најави серија нови радикални мерки доколку не добијат зголемување на платите

– Евгенија Анѓелкоска ја продолжува иницијативата на нејзиното семејство да се постави  плочата во чест на дрвото кочеџик онаква каква што била во 1986 година

– Преку креативна работилница, учениците од ОУ „Христо Узунов“  го одбележаа симболично „Часот на Планетата Земја“

– Децата правобранители од СОСУ „Свети Кирил и Методиј” презентираа проект од Конвенцијата за правата на детето

КУД „Ѓердан“ учествуваше на Фестивал за историски градови на вода во Турција

– Охридскиот народен театар најави нова премиера на претставата “Аналфабет”

– Кривична пријава за охриѓанец кој со пораки ѝ се заканувал на сопругата

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука