Охрид, 4. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – OhridPress го спроведува проектот „Охрид во 10“, во рамките на кој Ви нуди дневна фотографија од Охрид снимена од една точка, која го прикажува во неговата комплетна раскош и убавина.
– Идејата е да го видиме Охрид од една точка на сонце, снег, дожд, по убаво и по лошо време, како потврда за неговата безвременска убавина. Одбравме една точка која е исклучително препознатлива и го прикажува токму онаков каков што е – древен и прекрасен, но во исто време град во кој живеат луѓе кои се нераскинлив дел од светот и модерниот начин на живот. Исто така ќе се регистрираат и најважните настани кои го одбележале секој ден и ќе биде како еден календар на живеењето на градот во 2017-та година. Сакаме на крајот сетоа тоа да го издадеме и во групна – принтана форма, но за тоа на крајот на следната година, велат од Супер радио, кои се носители на проектот.
Охрид во 10 на 4. октомври 2017 година
Проектот „Охрид во 10“, покрај на Facebook, веќе доби и сопствена веб страна, а фотографиите секој ден ќе бидат објавувани и на информативниот портал OhridPress.
инфо: 04.10.2017 година
– Во Охрид денес сончево врме со умерена облачност и температура до 21. степени
– Ќе се промовира првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести
– Трет меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“
– Кинезите бараат уште 143 милиони евра за непредвидени работи на автопатот Кичево-Охрид
– Промоција на книга со илустрации на стрип цртачот Игор Јовчевски
– Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија во Охрид
– Креативно шоу за крај на циклусот на „Промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција“
– Без вода жителите од улиците „Кленоец“ и „Српница“
– Едно лице повредено во тепачка во Охрид
– Промовирана првата поштенска марка во светот „Деца со ретки болести“
– Кампањата на 50%, желбите и очекувањата на 100%
– Поради блокираната сметка, ДИК финансиски ќе му помогне на Охрид да ги организира локалните избори
– Сугарески: Преговараме за нов рок и за дополнителни трошоци за автопатот Кичево-Охрид
– Четири децении Атлетски клуб „Охрид“, со истрајност и ентузијазам кон нови достигнувања