Забава Избор

Звукот на Белградски синдикат овој викенд во клуб Rebel: Сабота со Dj IRon и Dj Chvare

Охрид, 12. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со врвна програма и настапот на Dj IRon и Dj Chvare, во сабота, на 18-ти март во клуб Rebel.

Dj Iron го носи звукот на Белградски синдикат во Охрид. Стефан Нововиќ aka Dj Iron е еден од најпознатите и најактивни Dj-и кои доаѓаат од Србија, со искуство од над 15 години на сцената. На своите сетови редовно нуди одбрани секвенци од различни музички правци полни со groove кој едноставно ве тера да играте. Уште од неговите тинејџерски години, инспириран од легендарното радио шоу Solid Steel на Coldcut, DJ IRon влезе во светот на музиката, врвното диџејство и одличните забави. Страствен и посветен во својата бескрајна потрага по најдоброто од Soul, Funk, Dub и Hip-Hop музиката, тој ги усоврши своите вештини за грамофон за да одговара на извонредноста на неговиот музички избор. Од кафулиња и клубови до спортски сали и големи фестивали како главната сцена на Exit Festival во 2016 година. Тој пушта музика заедно со врвни Dj-и и музичари како Dj Vadim, JStar, Rudimental, Freestylers, Pendulum, Stanton Warriors, Dynamite MC, Ollie Teeba, Nightmares on Wax, The Prodigy, Gramatik, Shuya Okino итн. Повеќе од 10 години настапува со најпопуларната српска хип-хоп група Београдски синдикат, со кои бил и на големи меѓународни турнеи во Русија, ОАЕ, САД, Швајцарија. За него тоа се значајни искуства и достигнувања сами по себе, но и само последици од суштинскиот квалитет на IRon – огромната страст и решеност да се стави на сечие лице најискрената насмевка од музикатга. Сите кои биле на неговите забави, велат дека кој и да има можност да ужива во некоја неговата изведба, подобро да го направи тоа.

Роден во Скопје во 1983 година, Dj Chvare израснал слушајќи hip hop, funk, soul, jazz и reggae. Инспириран од old school hip hop звукот, тој започнал да врти плочи во локалните барови во Скопје уште кога имал 17 години, по што израсна во еден од најистакнатите диџеи во Македонија. Го разви својот звук со фокус на хип хоп, фанк и џез. Покрај редовните настапи во Македонија, тој настапува и низ Балканот, но и во Шпанија, Холандија, Чешка, Тајланд, Кипар итн. Неговите најзначајни сценски соработки ги вклучуваат: SAF (Македонија), Dj Angelo (Велика Британија), Jon1st (Велика Британија), Dj 279 (Велика Британија), Dj CLK (Велика Британија), Propo’88 (Холандија), Dj Faze (Франција), Dj Rob Manga (Холандија), Dj Oli Doboli (Хрватска), Coolio (САД), Bad Copy и други.

Забавата овој викенд во клуб Rebel започнува со настапот на Dj Yuxell во петок, на 17-ти март.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука