Забава Избор

Derrick May за Илинден на плажа „Дупени“ во Преспа

Ресен, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пионерот на Детроит техно звукот и миленикот на македонската публика Derrick May, на 2. август, на Илинден ќе настапи на плажа „Дупени“ во Преспа.

– Голем број од неговите настапи во Македонија се незаборавни, а името Derrick May стана синоним за добра музика и забава. Неговата позитивна енергија, која секогаш успешно ја пренесува на публиката преку својата музика и харизма, веруваме дека најдобро ќе може да се почуствува на еден магичен амбиент како што е плажата „Дупени“ во Преспа, и повеќе сме од сигурни дека ќе бидеме сведоци на незаборавна ноќ, порачуваат организаторите.

Покрај Derrick May како локална поддршка ќе настапат: Uzun Brothers, Stojche, Alex Acid, Dj Maci, Tomi Bojadzi, Firma, Dejan Dex и Mongo & Omaru. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука