Забава Избор

SUPER Fresh music: Sam Tompkins – Phones in heaven

Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарниот британски музичар и кантавтор Sam Tompkins го најавува своето деби студиско издание „Hi, my name is insecure“ со новиот сингл „Phones in heaven“, кој носи потресна приказна за страдање и болка по загубата на саканата личност, инспирирана од личното искуство на авторот.

– Кога првично ја напишав песната, намерата ми беше да напишам песна за млади луѓе кои прерано изгубиле пријател. Како што растев и запознавав повеќе луѓе, сфатив дека повеќето луѓе, во одреден момент се соочиле со загуба на некој близок поради болест или други трагични настани. Кога минатиот ноември го изгубив татко ми поради самоубиство, оваа песна ми стана уште позначајна, изјави музичарот.

Sam го започна своето музичко патување уште на 16-годишна возраст на улиците на Брајтон, а денес важи за еден од најжешките британски артисти.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука