Забава Избор

„Кубанска музичка авантура“ со Џон Илија Апелгрен вечерва во НУ „Филхармонија“

Охрид, 14. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – По „Француски шансони“, „Звуците на Бразил“ и „Хитовите на Френк Синатра“, најпознатиот македонски џез пејач Џон Илија Апелгрен го најавува следното концертно издание – „Кубанска музичка авантура“, во која ќе интерпретира дел од богатото кубанско музичко миље, особено од стилот кубански болеро на автентичен, шпански јазик.

Бендот е составен од најдобрите актуелни џез музичари во Македонија, а сцената ќе ја збогатат двете вокални солистки Марија Димитријевиќ и Калина Велковска, како специјални гостинки.

Концертот ќе се одржи во големата сала на НУ „Филхармонија“, вечерва со почеток во 20:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука