Избор Свет

Русија заради коронавирусот ја затвори границата со Кина

Москва, 30. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска ја потпиша инструкцијата за затворање на на границата со Кина на Далечниот Исток, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

– Денеска е потпишана соодветната инструкција, а работата на спроведувањето на оваа мерка  е веќе во тек – рече Мишустин на прес конференција.

Тој наведе дека заинтересираните навремено ќе бидат информирани за мерките за затворање на границата на Далечниот Исток, но и за другите чекори што владата ги презела за да го спречи ширењето на коронавирусот, пренесе Тасс.

Руските медиуми претходно јавија дека земјата заради коронавирусот ја затвори границата со Кина во пет региони на Далечниот Исток. Прекината е целокупната копнена комуникација меѓу двете земји, а на границата е воспоставен карантин.

Воведени се и ограничувања во желензичкиот сособраќај, а владата посебно ќе одлучува за воздушниот сообраќај.

На универзитетите им е препорачано да го продолжат распустот за студентите од Кина. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука