Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Стендап шоуто „Широк дијафазон“ на Сашко Коцев оваа сабота во Охрид

Охрид, 23. септември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Популарното стендап шоу на актерот Сашко Коцев насловено „Широк дијафазон“ во сабота, 28-ми септември и пред охридската публика.

Во ова шоу Коцев зборува за аномалиите во општеството како и за машко женските односи.

Стендап шоуто ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20:00 часот. Влезниците се пуштени во продажба по цена од 400 денари и се продаваат секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот како и во сабота од 13:00 до 20:00 часот, на билетарата на Центарот за култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука