Култура

Охридската библиотека ќе одбележи 127 години од смртта на Григор Прличев

Охрид, 31. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – НУ Библиотека „Григор Прличев“ в четврток, 6-ти февруари ќе ја одбележи 127 годишнината од смртта на Патронот – поетот и преродбеник Григор Прличев.

Годинава се одбележуваат два јубилеи сврзани со Прличев: 190 години од неговото раѓање и 160 години од издавањето на ненадминатата поема „Сердарот“.

За животот и делото на Прличев – Вториот Хомер со свои лични навраќања кон истражувањата на неговото творештво, нераскинливо врзано за Охрид ќе беседи проф. д-р Вера Стојчевска- Антиќ.  Потоа ќе биде промовиран Каталогот на стари и ретки книги – издание на библиотеката. Промотор ќе биде Богомир Наумоски, библиотекар – советник од Струга.

Д-р Наде Караџовска, библиотекарски советник од Прилеп ќе ја промовира книгата „Библиотеката како медиум за комуникација“ од м-р Мариче Боздоганова, библиотекар – советник, вработена во библиотеката во Охрид.

Настанот ќе биде заокружен со Прличевата визита и настапот на Михаил и Иван Мишеви кои ќе ја изведат Прличевата „1762 лето“.

Почетокот на настанот е во 13:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука