Избор Струга

„Охрид SOS“ – Загрозен опстанокот на Белиот Локван кај локалитетот Калишта

Струга, 1. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Здружението за еколошки активизам, „Охрид SOS“, ја потсетува јавноста за можното загрозување на егзистенцијата на Белиот Локван во близина на подводниот археолошки локалитет Врбник, кај с. Калишта, на западниот брег од езерото.

Експерти го набљудувале природното живеалиште на ова растение, кое е дел од еко-системот на Охридското Езеро. Од „Охрид SOS“ се загрижени дека неконтролираното градење на брегот на спомнатиот потег на езерото на струшката страна, се’ повеќе отвора сомнеж за целосен опстанок на Белиот Локван.

– Ова растение е типично за ова место, меѓутоа е загрозено поради сè поголемата урбанизација на тој потег. Од луѓе кои ја следат секојдневно состојбата нѝ е укажано дека и трската на ова место немилосрдно се уништува, за сметка на земјоделски култури, иако се работи за државно земјиште, автохтони растителни видови и сè уште недоистражен археолошки локалитет, реагираат од здружението. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Васко Голабоски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука