Забава Избор

Викенд во клуб Rebel: Петок со Dj Yuxell

Охрид, 5. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид започнува со настапот на Dj Yuxell, во петок, на 9-ти декември во клуб Rebel.

Близу четири децении искуство зад микс пултовите на најдобрите клубови во Охрид, Македонија, но и многу пошироко. Човекот кој важи за врвен музички селектор и едукатор на голем број генерации локални Dj-и. Со истенчен сенс за ритам, вистинска песна во вистинско време, интеракција со публиката и беспрекорна техника. Има и сопствено радио шоу „Colors Of Freedom“ на охридското Супер радио, секој петок од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука