Избор Локална самоуправа Охрид Спорт

Младите охридски шахисти на средба со градоначалникот Пецаков

Охрид, 20. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецков денеска во својот кабинет ги прими децата кои обезбедија пласман на државното првенство по шах за основни и средни училишта што го организираше Федерацијата за училишен спорт на Македонија.

На натпреварот, во категоријата жени од средни училишта прво место освои Елена Лушеска која е прва година во ОСУ „Св. Климент Охридски“. Во категоријата жени од шесто до деветто одделение (основно училиште) трето место освои Емилија Лушеска од ООУ „Братство Единство“, а во истата категорија за машки трето место освои Михаил Николовски од ООУ „Григор Прличев“.

На младите шахисти градоначалникот Пецаков им посака понатамошни успеси и високи пласмани на идните натпревари. Учениците беа во придружба на наставниците Борис Лушески и Наум Ристески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука