Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со услови за дожд и температура до 11. степени

Охрид, 17. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно облачно и ветровито време со услови за дожд кон крајот на денот. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2).

Снег ќе има само на повисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 11. степени.

– Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината. Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука