Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската пошта започна со наплата на услугите по нови цени, испраќање писмо до 50 грама сега чини 36 денари

Охрид, 1. јануари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридската подружница на АД Пошта на Македонија од денеска започна да ги применува новите цени за поштенските услуги во внатрешниот поштенски сообраќај.

Испраќање стандардизирано писмо до 50 грама од денеска чини 36 денари, исто колку што чини и нестандардизираното. Испраќањето препорачано писмо до 50 грама сега чини 90 денари, а испраќањето вредносно писмо 126 денари. Испраќањето стандардизирана картичка до 50 грама чини 16, а препорачаната 70 денари. Нестандардизирано писмо кое тежи од 50 до 100 грама сега ќе може да испратите за 48 денари, додека за испраќање нестандардизирано писмо со тежина од 100 до 250 грама ќе треба да издвоите 60 денари.

Истовремено, се намалуваат цените за испраќање гломазни писма, па за да испратите писмо кое тежи од 250 до 500 грама, ќе треба да платите 80 денари, за писмо со тежина од 500 до 1.000 грама, ќе треба да платите 128 денари, а испраќање на писмата со тежина од 1.000 до 2.000 грама ќе ве чини 176 денари.

Комплетниот ценовник ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес/fakulteti.mk фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука