Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

„Рибарите“ денеска ќе го играат последниот контролен натпревар со Работнички

Охрид, 3. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на ГФК Охрид Лихнидос денеска ќе го одигра последниот од најавените четири пријателски натпревари, во рамки на подготовките за пролетната полусезона.

По Струга Т&Л, прилепска Победа и Брегалница од Штип, „рибарите“, на стадионот „Билјанини извори“ од 13:00 часот ја пречекуваат екипата на Работнички.

За потсетување, фудбалерите на Охрид Лихнидос есенскиот дел го завршија на шестата позиција, со 26 бодови.

Натпреварите во новата полусезона започнуваат во втората половина на месецов. Според распоредот првиот натпревар на 18-ти февруари ќе го играат во гости, кај Тетекс. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука