Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 0. степени

Охрид, 8. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес многу студено утро со температура до -8 степени, а преку денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 0. степени.

– До викендот времето ќе биде стабилно и многу студено. За време на викендот ќе настапи зголемување на облачноста и во недела претежно во северните делови ќе има услови за појава на слаб снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука