Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

В сабота почнува плејофот во ракометната Супер лига, „гладијаторите“ гостуваат кај Еурофарм Пелистер 2

Охрид, 9. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари в сабота ги започнуваат натпреварите од плејофот во Супер лигата.

ГРК Охрид во првото коло гостува во Битола кај Еурофарм Пелистер 2. Во екипата владее добра атмосфера и оптимизам за позитивен резултат.

Можно е да е слика од 1 лице и текст кој вели „" не чека тежок натпревар. противникот ke биде мотивиран. екипата e составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Bo преодниот рок E. пелистер направи промени BO составот не знаеме co што располагаат BO моментов. Me радува нашата форма од подготвителниот дел физичката подготвеност на екипата. очекувам максимална борба од моите соиграчи 1се надевам на позитивен исход од натпреварот. Vs 10 стефан дрогришки дрогришки сабота, 11.02.'23 @ 18:00 сала: „боро чурлески“ -битола“

– Не чека тежок натпревар. Екипата е составена од млади, потпомогнати од поискусни ракометари. Во преодниот рок Еурофарм Пелистер 2 направи промени во составот и не знаеме со што располагаат во моментов. Ме радува нашата форма од подготвителниот дел и физичката подготвеност на екипата. Очекувам максимална борба од моите соиграчи и се надевам на позитивен исход од натпреварот, вели Стефан Дрогришки, кој во зимскиот преоден рок дојде во Охрид.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Боро Чурлески“ во Битола, од 18:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука