Забава Избор

Сабота во клуб Rebel: Врвна забава со Igor Cige

Охрид, 14. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – Забавата овој викенд во Охрид продолжува со настапот на Igor Cige, во сабота, на 18-ти февруари во клуб Rebel.

Со повеќе од две декади искуство во индустријата, Dj Igor Cige е човекот кој ќе се погрижи за уште една урбана вечер. Подгответе се за движење низ најголемите deep house хитови. Igor Cige останува активна фигура во македонската денс музичка историја и долгогодишен Dj со сериозна кариера зад себе.

Претходно, во петок, за забавата на број 1 подиумот во Охрид е задолжен Marko Golovski.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:59 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel повторно е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука