Избор Локална самоуправа

Се поставува нова водоводна линија на улицата „Пирин Планина“

Охрид, 2. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“, деновиве работат на поставување нова водоводна линија на улица „Пирин Планина“.

– Се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф90 мм во должина од 178 метри. Со овој зафат се обезбедува навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука