Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Прво Државно Таеквондо првенство во Охрид

Охрид, 11. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи првото официјално Државно првенство на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација.Неодамна

 Агенцијата за млади и спорт (АМС) ѝ додели решение за дејност на Мaкедонската традиционална таеквондо федерација што веќе 31 година го негува таеквондото како спорт.

Првенството ќе го организира клубот „Мастер” од Охрид, како најстар клуб. Учесниците ќе се натпреваруваат во форми и спаринг во категориите: деца, млади, постари млади, јуниори и сениори, во машка и женска конкуренција. Натпреварите ќе се одржуваат во спортскиот центар „Билјанини извори“ во малата сала, а свеченото отворање ќе биде од 12:00 часот.

– Се надевам дека ќе го популаризираме спортот уште повеќе и дека ќе произлезат уште поквалитетни натпреварувачи. Влезот ќе биде бесплатен и сите се добредојдени. Учесниците ќе се натпреваруват во две дисциплини, во форми борба со замислен противник и спаринг борби. Имаме пријавени 60-тина натпреварувачи, што е одлична бројка за почеток, изјави во интервју за Супер радио и OhridPress Марјанчо Лазаревски, претседател на федерацијата.

Тој открива дека имаат сериозни планови и после државното првенство.

– На 1-ви април учествуваме на Меѓународен турнир Лозница, од 17-ти до 24-ти април во Јесоло, Италија на Европско првенство и се надеваме дека повторно ќе се вратиме со успеси. Потоа ќе одиме на неколку меѓународни натпревари, на 24-ти јуни ќе го организираме Меѓународниот натпревар „Охрид Опен 2023“, а после следуваат светски натпревари. На овие натпреварувања ќе учествува истата екипа, веќе имаме пет сигурни натпреварувачи и некои што се борат за влез, во зависност од тоа дали ќе ги исполнат критериумите, потенцира Лазаревски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука