Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Десет години од смртта на Петар Алексоски, технички директор на ТелевизијА ТвМ

Охрид, 12. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поминаа полни десет години од прераната смрт на Петар Алексоски, техничкиот директор на ТелевизијА ТвМ од Охрид.

– На 11-ти март во 2013-та година го загубивме својот драгоцен колега и пријател Петар Алексоски, кој почина ненадејно и прерано во 42-та година од животот. Петар беше еден од неколкумината ентузијасти кои работеа во ТВМ од самиот почеток. Во текот на две децении колку што траеше неговиот работен век во медиумот тој го вгради својот интелект, креативност и душа во се’ што работеше. Беше беспрекорен во својата работа, професионален и одговорен. Беше омилен во тимот. Секогаш ведар, насмеан, духовит и подготвен да сослуша и да помогне. Петар беше голем познавач и љубител на музиката. Во средината на 90-тите години работеше и како Dj во охридски радио станици, потенцираат од ТвМ.

Додаваат дека тој и понатаму живее во сеќавањето на колегите од телевизијата во која остави изработени илјадници часови документарна и забавна програма, но и кај целокупната медиумска заедница во Охрид. (Крај)

извор: ТвМ фото: ТвМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука