Забава Избор

Нова постојана изложба на David Bowie во Лондон

Охрид, 15. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – David Bowie доби нова постојана изложба во Лондон со повеќе од 80.000 предмети поврзани со музичарот и неговата богата кариера.

Изложбата за прв пат беше поставена во 2013 година, а нејзината трансформација во постојана колекција беше овозможена со донација од 10 милиони фунти од Фондацијата на сејеството Blavatnik и Warner Music Group.

Изложбата треба да биде отворена за јавноста до 2025 година.

– Со ова, животното дело на David станува дел од националните збирки на Обединетото Кралство и тој го зазема заслуженото место меѓу многу други културни икони и уметнички генијалци, потенцираат од Фондацијата David Bowie. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука