Забава Избор

„Нијагара“, нова песна на српски јазик на одличната Тамара Тодевска (Видео)

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Тамара Тодевска ја објави својата нова песна на српски јазик „Нијагара“ за кои текстот и музиката се напишани во заедничка соработка меѓу Тамара и Лазар Цветкоски, со што ова е прва песна каде што Тодевска се јавува како автор.

– „Нијагара“ е за сите луѓе кои во одреден момент се почувствувале ранливо, разочарано. Песна за сите кои се направедно етикетирани, да знаат дека на крајот има решение, а тоа е да продолжиме со борбата, вели Тамара.

Да се надеваме дека ќе добиеме и македонска верзија од оваа одлична песна, која по стилот е сосема наменски правена за српскиот пазар. Тамара звучи моќно, созреано и со стил кој е сосема прилагоден за пазарот од каде доаѓа публиката на која и се обраќа, нејзиниот сензибилитет, посакувања и желби.

Претходно ни подари многу прекрасни песни, но и многу промислени и помалку промислени изјави и потези. Сепак, останува фактот дека се работи за вонсериски вокал и изведувач кој сосема заслужено го зазема своето високо место на македонска, но и Балканската естрада. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука