Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Јавна дебата за потребата од катна гаража во Охрид

Охрид, 28. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Големата сала на Општина Охрид, во петок, на 31-ви март 2023 година ќе се одржи јавната дебата на тема: „Катна гаража – нова можност за Охрид“, имплементирана од страна на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ .

Шестмесечната иницијатива во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во државата“ е насловена како „„Граѓаните одблиску – катна гаража во Охрид“.

– Јавната дебата ќе придонесе за дополнително запознавање на охридската јавност со едно од најекспонираните локални прашања изминатиов период. Поентите кои ќе произлезат од истата се оечкува да ја зацврстат и подлабочат релацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа, што би резултирало со потранспарентна и поотчетна локална власт, што е предуслов за добро владеење и демократски развој, потенцираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука