Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 16. степени

Охрид, 31. март 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 16. степени.

– За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Во попладневните часови ќе има краткотраен локален дожд со ретки грмежи. Утре ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Во понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, на места пообилни, засилен ветер и пад на температурата. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука