Забава Избор

Белгиец ја направи најдолгата флејта на светот

Гент, 7. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Белгискиот уметник Вин Клемaн ја направи најдолгата флејта на светот.

Таа има осум метри, а според порталот „Фокус Белгија“, со овој музички инструмент композиторот Роб Симонсен го создал необичниот звук, т.е. музиката за филмот „Кит“ („The Whale“, којшто освои два „Оскари“ годинава).

Клеман од детството бил фасциниран од звукот и музиката, поради што и самиот почнал да прави инструменти од дрво.

Така, учејќи да слушне каков звук или вибрации може дрвото да испушти, Клеман денес е светски познат мајстор за изработка на инструменти. (Крај)

извор: Опсервер фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука