Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Тешка сообраќајка на патниот правец Градско-Прилеп, повредени четири лица од Охрид

Прилеп/Охрид, 10. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 9-ти април 2023 година, во 14:00 часот во Полициската станица во Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај селото Тројаци, се случила сообраќајна несреќа во која се повредени шест лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 27-годишната М.И. од охридското село Горно Лакочереј, и патничко возило марка „Пежо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(49) од крушевското село Врбоец. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Д.М., сопатникот од неговото возило Х.Н.(19) од селото Врбоец и сопатничка од возилото „Ауди“, 29-годишната М.Д. од Охрид, додека со телесни повреди се здобила М.И. и сопатниците од истото возило, Д.Ј.(32) од селото Требеништа и А.Б.(25) од селото Пештани, констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука