Забава Избор

Врвна Велигденска програма во клуб Rebel

Охрид, 12. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од охридскиот клуб Rebel, број 1 подиумот во Охрид нудат врвна програма за продолжениот Велигденски викенд.

Забавата започнува во петок, на 14-ти април со Colors Of Freedom и настапот на Dj Yuxell, човекот со близу четири децении искуство зад микс пултовите на најдобрите клубови во Охрид, Македонија, но и многу пошироко. Врвен музички селектор и едукатор на голем број генерации локални Dj-и. Со истенчен сенс за ритам, вистинска песна во вистинско време, интеракција со публиката и беспрекорна техника.

Ритамот продолжува со настапот на Marko Golovski, во сабота, на 15-ти април во клуб Rebel. Дојдете да уживаме во неговиот сет. Облечете ги чевлите за играње и се гледаме на подиумот во Rebel. Ве носи во диско со најсвежите битови за уште една вечер која долго ќе ја паметите.

Во недела, на 16-ти април, свежи битови ќе испорача одличниот Dj Face, кој важи за број 1 RBN & Hip Hop Dj во државата. За неговите забави секогаш се бара билет повеќе, а зад себе има сериозно искуство и настапи во најдобрите клубови во државата, но и надвор од неа. Испорачува свеж музички избор и има одлична техника и чувство за публиката. Dj Face има и сопствено радио шоу „Hip Hop Don’t Stop“ на охридското Супер радио, секоја среда од 21:00 до 22:00 часот.

Обезбеден паркинг за сите, а забавата започнува во 23:00 часот. Телефон за дополнителни информации и резервации е ++38979230912.

Овој викенд, клуб Rebel е местото каде треба да бидете. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука