Забава Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска Велигденски базар и хуманитарен концерт на плоштадот кај Чинарот

Охрид, 13. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На плоштадот кај Чинарот, денеска од 11:00 часот ќе се одржи традиционалниот „Велигденски базар“, организиран од Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“.

Предвиден е концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно-уметнички друштва. На базарот учество ќе земат сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.

Во забавниот дел ќе настапат културно – уметничките друштва „Ѓердан од бисери“, „Ѓердан“, „Отекс“, „Фаланга“, „Филиграни“, „Илинден“, учесниците на детскиот-музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.

Велигденскиот базар ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно.

Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука