Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Непознато лице со измама одзело 3.000 евра од 91-годишен охриѓанец

Охрид, 25. април 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти април 2023 година, во 13:40 часот во СВР Охрид, 91-годишен охриѓанец пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 3.000 евра.

– Според пријавеното, околу 11:30 часот на булевар „Македонски просветители“ лицето започнало разговор со него и побарало да му даде пари за да ги покаже на негов пријател од странска земја. Како што е пријавено, тој ги земал парите од негов пријател и откако му ги дал, лицето заминало и не се вратило, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука