Забава Избор

SUPER Fresh music: Lufthaus & Robbie Williams – Ringo

Охрид, 7. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ако некој пред многу години ни кажеше дека човекот кој се стекна со светска популарност како дел од групата Take That, а потоа ни подари хитови како „Feel“, „Angels“ и многу други, ќе биде дел од dance проект, секако дека нема да поверувавме.

По голем број анонимни појавувања на Ибица минатото лето, дури во октомври 2022 година, новоформираниот електронски проект Lufthaus ги откри трите мозоци кои стојат зад него.

Станува збор за австралиските текстописци и продуценти Tim Metcalfe и Flynn Francis и нивниот редовен соработник, поп-ѕвездата Robbie Williams како вокал.

Споени од заедничката љубов кон берлинската електронска музика, со своите мелодични, темни синт и френетични бас-линии, Lufthaus звукот е духовно прикажување на многубројните влијанија на триото. „Ringo“ е новиот сингл потпишан токму од Robbie Williams и Lufthaus.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука