Забава Избор

SUPER Fresh music: Sam Smith & Madonna – Vulgar

Охрид, 29. јуни 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличниот Sam Smith и кралицата на поп звукот Madonna ја претставуваат својата прва соработка со синглот наречен „Vulgar“.

Со оваа екстравагантна песна, провокативното дуо постигна совршена комбинација на својата специфична естетика со источна мелодија и пулсирачки бас линии со кои сигурно ќе ги освојат подиумите за танц ширум светот.

Во февруари оваа година, Madonna го најави настапот на Sam Smith на доделувањето на Grammy наградите со прашањето „Дали сте подготвени за нешто контроверзно?“, а нивната соработка е верувајте и повеќе од тоа.

Madonna се враќа на сцената и продолжува да ги поместува границите и да ја трансформира популарната култура. „Vulgar“ е нејзина втора соработка годинава, по „Popular“ заедно со The Weeknd и Playboy Carti. Во јули таа ја започнува долгоочекуваната светска турнеја наречена „Celebration“.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука