Забава Избор

Тони Зен повторно одличен, сега во „Ел Падрино“

Охрид, 3. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одличниот Тони Зен ја промовираше новата песна „Ел Падрино“, со негов текст и на арнажман на Иван Костадинов.

– Голема благодарност до сите кои учествуваа и помогнаа да се реализира песната. Потребно беше време, труд и посветеност, секако и многу љубов, порача Тони за новата песна.

Во спотот се појавува и актерот Томе Станковски кој го глуми личниот возач на Тони. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука