Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“ денеска напладне премиерно на Супер радио

Охрид, 5. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридското Супер радио е помеѓу избраните радио станици, на кои денеска, точно напладне ќе се емитува новиот сингл на Парни Ваљак „Bogati će pobjeći na Mars“, кој е продолжување на соработката со Игор Дрвенкар.

Новата песна е втор сингл што го објавуваат со одличниот пејач, а доаѓа по серијата успешни концерти низ регионот кои беа добро прифатени. Пред Парни Ваљак е многу активно музичко лето, бидејќи ги очекуваат бројни концерти.

Автор на музиката и текстот е Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој најавувајќи го новиот сингл порача дека дојде време да се претстават со нов сингл, нова песна која ја снимиле со новиот пејач, нивниот Игор.

– Ветивме дека ќе работиме на нови песни, а се надевам дека до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе имаме цел албум. Во меѓувреме, слушнете го нашиот втор сингл наречен „Bogati će pobjeći na Mars“. Можете сами да слушнете за што се работи, а ние едвај чекаме да почнеме да ја свириме во живо бидејќи е малку пожешка, вистинска концертна песна, порача Хус. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука