Избор Локална самоуправа

Се поставува нова водоводна линија на крак од улицата „15-ти Корпус“

Охрид, 7. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Екипи на ЈП „Водовод“ од Охрид започнаа со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „15-ти Корпус“.

– Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 95 метри, информираат од локалната самоуправа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука