Забава Избор

Работно лето за супер-талентираната Дина Јашари

Охрид, 14. јули 2023 (ОХРИДПРЕС) – Фестивалот EXIT во Нови Сад, Загреб, Будимпешта, Шибеник и Ластово се само дел од локациите каде публиката ќе може ова лето да ја слуша нашата млада и супер талентирана Дина Јашари.

Иако е релативно ново име на музичката сцена, таа е веќе миленичка на публиката, особено на помладите генерации. Дина Јашари со песната „Дома“ ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022, за најдобра песна во регионот.

Наградата ја доделува Фондацијата „Милан Младеновиќ“, именувана во чест на легендарниот белградски и југословенски рок-музичар и фронтмен на групата „Екатарина Велика“.

Дина Јашари минатата година реализира и 3 мини-турнеи и забележа настапи на култни концертни места, како Љубљана, Будимпешта, Загреб и Белград. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука